За љубителите на вистински diecast модели

На DiecastMK.com ќе пронајдеш сѐ што му треба на еден вистински колекционер — од најпознатите автомобилски брендови до лимитирани серии што ретко се појавуваат на нашиот пазар. Без разлика дали си нов во светот на колекционирање на diecast автомобили или имаш години искуство зад себе, тука ќе најдеш модели што ќе те воодушеват.

Во нашата колекција можеш да очекуваш иконски автомобили од Fast & Furious, легендарни JDM модели, американски мускулести класици, европски олдтајмери, па дури и возила од поп-културата и филмови. Сите модели се нови, оригинални и внимателно одбрани од странски добавувачи со кои соработуваме со години.

Постојано надополнуваме нови серии, лимитирани изданија и ретки модели кои тешко се наоѓаат во Македонија. Ако си во потрага по нешто посебно — големи се шансите дека го имаме, или наскоро ќе го донесеме!